Кендал Џенер, Антонио Бандерас со свршеница Никол Кимпел, Памела Андерсон, Ребел Вилсон,
Патриша Аркет и Том Џонс беа меѓу славните личности кои присуствуваа на традиционалната гала
вечер на фондацијата АМФАР во Кан.

Секоја година, организацијата организира собирање на финансиски средства од Кан за
истражување на СИДА. За доброто расположение на гостите поканети во хотелот „Кап Еден Рок“ се
погрижија со свои настапи Мараја Кери, Дуа Липа и Том Џонс, пренесоа американските медиуми,
цитирани од агенциите.
Традиционално, на 26-тото издание на гала вечерата беа вклучени вечера, аукција и модна ревија.
Австралиската актерка Ребел Вилсон претстави мермерна статуа на Мики Маус, кој се продаде за
над 450.000 евра, а наддавањето почна од 50 илјади евра.
Сликата на Енди Ворхол, мотоцикл и колекција дизајнерски алишта, исто така, си најдоа купувачи.
Меѓу наградите беа и посетата на Лондон, средбата со принцот Чарлс и присуството на настани на
неговата хуманитарна фондација. Одмор на приватен остров во Танзанија беше проданена за
100.000 евра.