Суд на ОН: Русија да ги врати украинските бродови и да ги ослободи морнарите

од desk2
71 прегледи

Меѓународниот суд за поморско право донесе пресуда денеска дека Русија мора да врати три украински бродови и да ослободи 24 морнари кои се во притвор.

Трибуналот, со седиште во Хамбург, денеска донесе пресуда во случај кој Украина го започна против Русија.

Минатата година Русија конфискуваше три украински бродови во Керчкиот проток, што ги поврзува Црното Море и Азовското Море и притвори 24 членови на екипажите.