Нападнати луѓе , загинати и ранети во паркот во градот  на Кавасаки. Ова беше објавено во вторникот од јавната телевизија НХК.

Според медиумите, жртвите на нападот се три лица, а  меѓу загинатите е и едно дете. Најмалку 19 лица, наводно, биле  повредени во нападот, вклучително и 13 деца. Дел од ранетите се во критична состојба.

Инцидентот се случил на место каде што учениците чекале школски автобуси .

Се известува дека напаѓачот кој е уапсен од страна на полицијата е сериозно повреден.

Властите известуваат дека напаѓачот имал два ножа. За време на неговото притворање успеал да се самоповреди и пробал да се самоубие.

Мотивите на напаѓачот не се познати . Властите откриле дека има околу 50 години.