Зариф: Иран не сака нуклеарно оружје

од desk4
200 прегледи

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на Твитер напиша дека Иран не сака нуклеарно оружје, кое врховниот лидер на земјата го забрани со фатва, и додаде дека американската политика му наштетила на иранскиот народ и предизвикала регионални тензии.

– Ајатолахот Али Хамнеи одамна рече дека не сакаме нуклеарно оружје, со издавање забрана со фатва, напиша Зариф.

Според него, економскиот тероризам на САД му наштетува на иранскиот народ и предизвика затегнатост во регионот