Скандал ја тресе гинекологија Чаир, Филипче експресно го смени Беља

од desk2
244 прегледи

По обвинувањата и префрлањата ,Министерот за здравство Венко Филипче експресно го разреши економскиот директор на Клиниката за Гинекологија во Чаир , Ваљон Беља откако тој обвини за финансиски криминал и непотизам на клиниката. Нарушени односи и несоодветен пристап е официјалната причина за нарушувањето.

Беља пак вели дека ќе чека реакција од матичната партија и најавува дека деновиве ќе ги објави доказите за корупција кои ги најави. Тој вели дека Јовановска фаворизирала компанија која врши лабораториски тестирања, која е многу поскапа од другите, Јовановска пак вели дека Беља сакал да вработи нови тројца советници за кој што таа не дала согласност.

Економскиот директор на гинекологија ја обвинува директорката Викторија Јовановска дека фаворизирала компанија која врши лабораториски тестирања, која е многу поскапа од другите. По излегувањето од Обвинителството, Беља најави нови „бомби“.

Целиот текст на ТВ21