Јапонската компанија Pokemon Company објави дека развива „Pokemon Sleep“ – мобилна
апликација која го следи сонот на играчите и ги користи податоците во игра. Датумот на
премиерата на новата услуга ќе биде следната година, објави Ројтерс.

„Сакаме да го претвориме сонот во забава“, вели Цунеказу Ишихара, главен извршен директор на
компанијата Pokemon Company, која помага за управувањето на франшизата Pokemon. Веста ја
објави на настан во Токио.
На истата локација, базираната во Кјото компанија Nintendo, изјави дека развива наследник на
Pokemon Go Plus, која ќе се користи за следење на сонот. Досега, таа служеше за да се соберат
покемони без да се наметнува да го вадите паметниот телефон од својот џеб.
Мобилната игра со додадена реалност Pokemon Go, развиена од Niantic, со седиште во Сан
Франциско, стана глобален феномен од неговото лансирање во 2016 година, а играчите почнаа
буквално да бараат покемони насекаде.
Pokemon Company беше создаден со инвестиција од гејминг компаниите Nintendo, Game Freak и
Creatures. Насочувајќи се на производи, вклучувајќи видео-игри, филмови и играчки, Pokemon стана
кандидат за градење на империја на поп-културата од рангот на создадената од Disney.
Првите две игри на Pokemon беа објавени на Nintendo Game Boy конзолата во 1996 година. Оттогаш,
серијата продаде над 340 милиони игри ширум светот.
Pokemon Sleep ќе користи податоци како тоа колку долго спиел корисникот и кога се разбудил, за
да ја менува игра, иако Pokemon Company не открива повеќе детали како точно ќе се случува тоа.
Ова може да ја направи Pokemon привлечна и за луѓе надвор од традиционалната публика на
запалени гејмери и да помогне за влез во растечки пазар на услуги за следење на здравјето
Nintendo се обидува да привлече повеќе фанови на Pokemon Go кон хибридната конзола Switch со
две игри „Pokemon Let’s Go“ кои продадоа над 10 милиони копии до крајот на март. Претстојат
премиери на уште два Pokemon наслови за уредот на крајот на оваа година.
Глобалниот успех на Pokemon беше опфатен и во постигнувањата на филмот „Покемон: Детективот
Пикачу“ кој генерира над 120 милиони долари приходи во кино благајните во Северна Америка.