Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата на националната безбедност – Џон Болтон, отворено навива за излегување на Велика Британија од ЕУ, порачувајќи дека тоа ќе ја зајакне.

“Брекит ѝ дозволува на Британија да стане силна и независна земја што позитивно ќе влијае на светот и ќе има важна улога во НАТО”, рече Болтон во интервју за The Telegraph.

Тој резултатите од британскиот референдум во 2016 година за Брегзит ,ги нарече ” триумф на демократијата “.  Советникот на Трамп истакна дека, според американската страна, во право е Лондон да ја исполни волјата на мнозинството и да ја напушти ЕУ.

Болтон ја потврди посветеноста на Трамп на билатералните разговори за трговски договор кој е “заемно корисен” за САД и Велика Британија.

Претседателот Трамп планира да ја посети Британија помеѓу 3 и 5 јуни.