Дванаесет лица се  убиени во Вирџинија Бич , јави Си-Ен-Ен.

” Најмалку 11 лица загинаа откако вооружениот напаѓач отвори оган во општинската зграда во Вирџинија Бич, “, објави шефот на локалната полиција, Џејмс Сервера.

Шест лица, кои беа повредени при пукањето, беа хоспитализирани. Постојат и други жртви.

Според властите, напаѓачот бил убиен. Според Wall Street Journal, можен мотов е дека  тој бил отпуштен од работа  во општината.

Полицијата и ФБИ го истражуваат случајот.