Во 2017 година, Apple јавно призна дека ја намалува продуктивноста на постарите модели преку
софтверски ажурирања. Тогаш засегнати беа уреди како iPhone 6 и iPhone 7.

Американската компанија го истакна намалувањето на перформансите со желбата да се зголеми
траењето на батеријата на уредите.
Па, две години подоцна Apple објави вест дека планира да ги предупредува корисниците на iPhone
уредите, кога планира да ја намали продуктивноста на нивните смартфони.
Според CMA, Apple ќе објави однапред кога ќе се планира ново ажурирање на софтверот, и ова
може потенцијално да ги намали перформансите на одредени модели на iPhone.
Апропо, таквите вести речиси сигурно значат дека некои од постарите модели на iPhone ќе
„настрадаат“ при апдејтот кон iOS 13 оваа есен.
Во скандалот што избувна во 2017 година, многу корисници на iPhone беа принудени да ги дадат
своите телефони за поправка поради нивната слаба продуктивност.
Со оглед дека Apple сега ќе ги предупреди потрошувачите за ваквите акции, ќе спречи десетици
илјади телефони да бидат испратени до сервисерите.