Москва го цензурираше филмот за Елтон Џон пред да го пушти во кината

од Vlatko K
151 прегледи

Руската верзија на филмот „Rocketman“, посветен на пејачот Елтон Џон, е со исечени сцени, кои
содржат геј сексуални односи и употреба на дрога, пренесе ДПА.


Агенцијата ги цитира информациите на рускиот медиум „Дожд“. Во Русија постојат закони кои
забрануваат пропагирање на нетрадиционални сексуални врски и употреба на дрога.

Државните медиуми потврдија дека некои сцени се отстранети од филмот за да се усогласат со
рускиот закон, без да се наведе кои. Рускиот министер за култура, Владимир Медински, рече дека
неговото министерство не е релевантно за случајот.

„Rocketman“, која беше позитивно оценет од критичарите, ќе биде пуштен по руските кина следната
недела. Само 3 отсто од Русите имаат позитивен став кон хомосексуалноста, според новото
национално истражување спроведено од независна социолошка агенција.