Серијата „Big Little Lies“ има актерски состав за завидување! Мерил Стрип, Никол Кидман, Рис
Витерспун, Зои Кравиц и Шајлен Вудли работат заедно на сетот.

На премиерата на втората сезона во Њујорк, сепак Рис Витерспун имаше посебно друштво. Таа
беше придружувана од нејзината ќерка Ава, која беше вистинска копија на нејзината мајка.
Ава има 19 и веќе е млада жена, со која Рис е горда. Актерката ја роди својата ќерка во раните 20-
ти години, а денес, на 43-годишна возраст, веќе има убава, порасната ќерка, за која често мислат
дека и е сестра.