И не, таа нема намера да се раздели со ниеден од нив!
Во неодамнешна епизода на „Carpool Karaoke“, водителот Џејмс Корден ја праша Селин дали се
вистинити гласините дека е опседната од чевлите. Пејачката го потврди тоа, а се покажа дека
големите бројки не се хиперболизирани, туку напротив – таа поседува околу 10.000 пара чевли.

Ако повеќето од нас наоѓаат најразлични места дома, за да ги чуваат чевлите, за завидната
колекција како оваа на Дион се потребни други методи. Во моментов, таа ги чува чевлите во
огромен магацин во Вегас. Претходното место бил дигитален „walk-in“ гардеробер во нејзиниот дом
во Флорида, каде чевлите биле подредени по бои и биле избирани преку притискање на серија од
копчиња: „Притискаш определеното копче и тие се појавуваа пред мене“, вели таа за овој
импресивен гардеробер.
Селин вели дека има посебен однос со секој пар, бидејќи секој од нив има одредена приказна.
„Не би можела да се разделам со ништо од мојата колекција на чевли. Секој пар ме донесе на
местото, каде што сум сега. Моите чевли се дел од секој чекор, што сум го направила. Можете да
мислите дека сум луда, но јас навистина не фрлам ништо. Јас само купувам поголеми простори за
да ги складирам“, вели таа.