Потрудете се да засакате личност која нема да си игра со вас како да сте играчка, туку личност која ќе ве почитува целосно.
Потрудете се да засакате личност која нема да се премисли и да исчезне во еден ден.
Потрудете се да засакате некој кој секогаш ќе има убави и позитивни зборови за вас.
Не одбирате во кого ќе се заљубите, но одбирате кого ќе сакате.
Изберете некој кој ќе ја прифати вашата ранливост дури и кога сите ќе ви го завртат грбот.
Изберете да сакате некој со кого нема да мора да внимавате кои зборови ќе ги искористите и со оваа личност секогаш ќе можете да бидете она што сте. Изберете некој кој не се грижи за вашето минато, туку за иднината со вас.
Не одбирате во кого ќе се заљубите, но одбирате кого ќе сакате.
Изберете некој кој ќе има слични цели со вас, за да не се разминувате цел живот. Изберете некој кој ќе ве смири кога сте вознемирени.
Изберете некој со кого нема многу да се расправате за да се разберете, туку доволен ќе биде само еден поглед и сите коцки сами ќе си се наредат.
Обидете се да се заљубите во личност која ќе ве прифати такви какви што сте и нема да очекува чуда од вас.
Обидете се да се заљубите во личност која нема да ве расплакува, туку ќе мами насмевка на вашето лице.
Не одбирате во кого ќе се заљубите, но одбирате кого ќе сакате.
Настојувајте тоа да биде личност која ве сака и која целосно ви се предава…