САД ќе го зголемат военото присуство во Полска за илјада луѓе

од desk4
102 прегледи

Воениот контингент на САД во Полска ќе се зголеми за илјада луѓе, објави „Фајненшл Тајмс“.

Според досега објавените податоци, Вашингтон и Варшава се при крај со договорот за раширување на американското воено присуство во Полска. Се дознава и дека двете страни се договараат за создавање заеднички воен центар за вежби и тренинзи, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот полски колега Анджеј Дуда може да го потпишат билатералниот договор за продлабочена воена соработка на 12 јуни, за време на планираната официјална посета на претседателот на Полска на Вашингтон.