Рохани: Иран е подготвен за разговори со САД доколку покажат почит

од desk4
159 прегледи

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба ако САД покажат почит и подготвеност да дејствуваат во согласност со меѓународните правила, но исто така истакна дека Техеран нема да подлегне на притисоците да започне преговори, јави агенцијата Фарс.

– Ние сме за разговори, доколку другата страна седи на преговарачката маса со почит и ако се држи до меѓународните регулативи, а не ако ни нареди да преговараме, рече Рохани.