Граничниот премин Ново Село – Златарево е затворен за сообраќај поради пожар што избувнал попладнево околу 16 часот, на бугарска страна, на самиот граничен премин, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека граничниот премин ќе може да се користи повторно, се вели во соопштението од МВР.