Прва снимка од Асанж во затвор

од desk2
137 прегледи

Во ексклузивната видео снимка за првпат е прикажано во какви услови се наоѓа основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во затворот Белмарш кој важи за еден од најдобро обезбедените.

Додека наизглед разговара со другите затвореници, воочливо е дека Асанж е значајно ослабнат, а камерата потоа ја прикажува малата ќелија во која, наводно, тој е сместен.

По подот се расфрлани хартии и книги, но “RT” кој прв дошол во посед на снимката, напоменува дека не може со сигурност да се потврди дека е навистина неговата ќелија, иако Џулијан видно влегува во неа.

https://twitter.com/Ruptly/status/1137034913130135553

Инаку, видеото е објавено еден ден откако еден американски медиум објавил фотографии од Асанж од затворот кој наводно му ги доставил еден од затворениците. Наводно, тие се двоумеле дали воопшто да ги објават поради приватноста.

Треба да се напомене дека здравјето на Џулијан Асанж рапидно ослабнало кон крајот на мај и врз основа на информациите се верува дека тој е префрлен во болничкото крило во затворот.

Основачот на Викиликс кој е соочен со 18 обвиненија кои заедно носат 175 години робија, моментално чека Велика Британија да донесе одлука по повод барањата за екстрадиција кои пристигнаа од САД и од Шведска.