Премиерата на Samsung Galaxy Note10 се очекува во август, но сега можеме да го погледнеме во
детали дизајнот на уредот. Тоа стана можно преку рендери, кои се генерирани на база на CAD
цртежи и се обезбедени од @onleaks за сајтот 91mobiles.
Сликите покажуваат дека уредот ќе ја задржи познатата форма на серијата и ќе користи заоблен на
двете страни Dynamic AMOLED дисплеј – се тврди дека тој ќе биде со дијагонала 6,3-инчи и
резолуција 1440 x 3040 пиксели. Екранот вклучува отвор за предната камера, а рамките под и над
него се релативно широки по сегашните стандарди.
Се очекува под екранот да е поставен сензор за отпечатоци. Сликите на задниот дел укажуваат
стаклен грб и вертикално поставена тројна камерата во горниот лев агол, што потсетува на Huawei
P30 Pro. Уредот ќе се раздели со приклучокот за слушалки и со специјалното копче за активирање
на асистентот Bixby и тоа се рефлектира и во рендерите. Во долниот дел се гледаат слот за S Pen и
USB-C порт. Држачот за SIM картички се наоѓа на горната страна до микрофонот и најверојатно
инфраред порт.
Според информациите, димензиите на телефонот може да бидат 151 x 72 x 7.9 mm (8.3 mm на
камерата). Во однос на карактеристиките се зборува дека Galaxy Note10 ќе се нуди со чипсети
Snapdragon 855 и Exynos 9820, до 12GB RAM и Android 9 Pie. Има информации дека ќе се појави
поголема верзија наречена Galaxy Note10 Pro. Според гласините тој ќе предложи 6.75-инчен дисплеј,
тројна камера со ToF сензор, UFS 3.0 меморија и полнење при 45W. Очекувањата се овој модел да
го замени хардверските копчиња со капацитивни или чувствителни на притисок зони.