Иран разви сопствен систем за ПВО, оперативен е за 5 минути

од desk2
130 прегледи

 

Министерството за одбрана на Иран претстави систем за противвозушна одбрана (ПВО) од домашно производство, објавено е на страницата на иранската агенција Мер.

Системот за ПВО е наречен „15. hordad” предаден е во употреба на силите за противвоздушна одбрана на церемонија на која присутвуваше министерот за одбрана на Иран бригадниот генерал Алир Хатами.

Тој рече дека овој систем за ПВО кој го „осмислиле и го развиле домашни стручњаци во состојба е да пресретне и да делува истовремено против шест мети“.

„Тој исто така може да стане оперативен за помалку од пет минути“, рече Хатами.

Се наведува дека системот кој користи ракети „Сајад-3’“ од иранско производство, може да воочи борбени авиони и дронови кои се наоѓаат во распон од 150 километри и да ги пресретне на 120 километри, а може да пресретне и мети кои користат стелт технологија на далечина од 85 километри и да ги уништи на 45 километри.