
– Ние сме за промена во избирачкиот законик почнувајќи од тие фиктивни гласачи кои уште постојат во државата, најдобар доказ за тоа се референдумот, претседателските избори итн. Бидејќи ова општество има потреба да се демократизира, тоа би почнало со промена на моделот на избор, а тоа би бил пропорционален со отворени листи. Време е да се подобри квалитетот на тие што го претставуваат народот, а најдобар начин за тоа е токму гласачите да ги изберат кандидите кои ги предлагаат партиите, рече Села./Nezavisen