Кутињо самокритичен: Одиграв полошо, отколку што очекував

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Филипе Кутињо ги критикуваше настапите во дресот на Барселона минатата сезона. Плејмејкерот, кој се приклучи на тимот од Ливерпул минатото лето за 142 милиони фунти, почуствува тешкотии со својата форма и во последно време е поврзуван со напуштање на „Камп Ноу“.
Според информациите, неколку водечки екипи од Премиер лигата се заинтересирани за услугите на Бразилецот, вклучувајќи Манчестер Јунајтед, а и ПСЖ во Франција.

Кутињо инсистираше на тоа дека треба да игра подобро.

„Немав добра сезона“, изјави полудефанзивецот за „Marca“.

„Настапите минатата сезона беа далеку полоши од очекуваното. Единствениот начин да се подобрам и да ја вратам повторно самодовербата е преку напорна работа, и јас работам напорно“, додаде тој.

Слични содржини