Борис Џонсон обезбеди најмногу гласови во првиот круг од изборот на новиот лидер на конзервативната партија и нов премиер на земјата.

Џонсон доби 114 гласа, Џереми Хант беше втор со 43, а Мајкл Гоув со 37 гласа, додека тројца кандидати беа елиминирани.
Седумте кандидати кои останаа ќе продолжат во следниот круг на гласање што ќе се одржи следната недела. Наследникот на Тереза Меј ќе биде соопштен следната недела на 22 јули.