Производителот на ракети Relativity Space ќе користи подкирија простор на НАСА во Мисисипи,
каде гигантски 3D печатари на компанијата ќе произведуваат евтини ракети за пуштање во
орбитата на сателити со мал товар, соопшти „Ројтерс“.

Ангажирање на 20.000 квадратни метри во базата за тестирање на ракети „Stennis Space Center“ на
НАСА е последователен чекор на компанијата со седиште во Лос Анџелес, во нејзината мисија за
3D печатење на ракети на Марс – цел која е предуслов за колонизација на вселената, вели
извршниот директор на Relativity, Тим Елис.
Прво, компанијата треба да го усоврши својот систем, во кој роботи со машинско учење можат да
произведуваат и склопуваат ракетата Terran 1 во вселената, без помош од луѓето. Relativity се
надева да ја постигне оваа цел со приходи од пуштање на мали сателити со нејзините ракети,
изградени во центарот Stennis.
Оттаму ќе вработат 200 инженери, речиси двојно повеќе од сегашната работна сила од 90 луѓе во
Relativity. Државата Мисисипи нуди значаен пакет стимулации, се вели во соопштението на
компанијата.
„Ние значително ја намалуваме компонентата на човечкиот труд“, ги прокоментира Тим Елис,
ветеран на компанијата „Blue Origin“ на Џеф Безос, способностите на роботскиот печатач Relativity
3D наречен Stargate.
Роботот ќе дозволи целата ракета да биде произведена за помалку од 60 дена. Во текот на
следните пет години се очекува компанијата да произведува дваесетина проектили годишно и ќе ја
демонстрира ефикасноста на својот производствен метод.
Првото лансирање на Terran 1 ќе се одржи во 2020 година. Производителите на сателитите ќе
плаќаат 10 милиони долари за лет за да пренесат околу 1.250 килограми товар во ниската орбита
на Земјата.
Приватните компании сочинуваат се поголем дел од американската вселенска индустрија, која во
моментов е исполнета со големи ракети на United Launch Alliance (заедничко вложување на BoeingLockheed) и SpaceX од Елон Маск. Помалите проектили се прилагодени за пуштање на роеви на
сателити, кои служат на сателитската индустрија.