Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер е регистриран 100 километри северно од брегот на Нов Зеланд, соопшти АП.

Епицентарот беше во областа на островите Кермадек на длабочина од 10 км . Нема докази за повреди и материјална штета.

Првичното предупредување издадено за потенцијален бран од цунами од 30 см беше откажано.