Во рамки на Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид од денеска започна со работа Медицинскиот симулациски центар.

Центарот има за цел едукација, тренинг, стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа при третман на пациентите.
Центарот ќе биде во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно одржување во живот.
Според статистичките, во Европа годишно 700 илјади лица страдаат од акутно затајување на работата на срцето, во Македонија околу пет илајди годишно. Само пет до десет отсто од пристигнатите пациенти во болниците преживуваат.
Оттаму важноста на постоењето Медицински симулациски центар во регионот, со очекувања да придонесе кон подобрување на квалитетот медицински услуги, како и за подигање на свеста за потребата од таков центар.