Иран ги објави првите фотографии од остатоците на американскиот дрон

од desk2
147 прегледи

Иранската Револуционерна гарда ги објави првите фотографии од тоа за што тврдат дека се делови од американскиот дрон, соборен во текот на вчерашниот ден.

Иранските официјални лица изјавија дека беспилотното летало влегло во воздушниот простор на земјата е дека е нападнато по неколку јасни предупредувања, наведува иранската новинска агенција Тасним.

Кадер Рахим-Задех, заменик директор на воена воздушна база Катам ал Анбиа во сопственост на Иранската Револуционерна гарда, изјави дека американскиот дрон е нападнат по неколку предупредувања.

„Нашата акција е одговор на американската агресивност и невнимание кон меѓународните закони. Поради кршењето на меѓународните закони и преминувањето на поставените закони американските летала примија неколку предупредувања и тие предупредувања и рутата на летање се регистрирани“, изјави Кадер.