ФИА го отфрли барањето на Ферари за преиспитување на казната на Себастијан Фетел од
претходниот круг во Канада. Откако тимот претстави нови докази на стјуардите, тие проценија дека
во нив нема доволно основи за ново разгледување на настанот.
Италијанскиот тим тврдеше дека има „неспорни“ докази дека Фетел не ги прекршил правилата на
патеката „Жил Вилнев“. Тогаш тој доби пет секунди казна поради опасно враќање на патеката и
блокирање на Луис Хамилтон. На крајот, тоа го чинеше четирикратниот светски шампион победа.
Меѓу доказите на Ферари беа податоци од телеметрија, како и фотографии и видеа од инцидентот,
заедно со индикациите од Себастијан. Стјуардите, сепак, истакнаа дека сето тоа било на
располагање на нивните колеги во Канада уште пред крајот на трката.
„Скудерија“ примениле и анализа на она што се случило од Карун Чандок, кој оваа година е
коментатор за „Скај Скпортс“. Стјуардите проценија дека тоа е „нов материјал кој сепак не е
значителен и адекватен доказ, туку претставува лично мислење на трета страна“.