Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се среќни во брак девет години и имаат две деца – Леонардо на
возраст од осум и петгодишната Луна.

45-годишната Пенелопе вели дека благодарение на нејзиниот сопруг успеала да се справи во
најтешките моменти во кои тешката работа на актерстовото ја довеле до психички проблеми. Како
една од најуспешните актерки, Пенелопе секогаш ја сфаќала работата сериозно, но често
драматичните улоги кои треба да одигра, ја чинеле премногу.
„Кога бев помлада сметав дека колку повеќе во реалноста страдам, толку подобро ја градам
сликата за себе во филмовите. Можев да живеам така со месеци, бев исцрпена ментално и
физички. Мојата работа ме доведе до многу длабоки кризи. Но, Хавиер успеа да ме извлече. Тој
беше човекот кој ме научи да го одделам личниот живот од киното“, раскажува Круз.
Една од најтешките улоги Пенелопе ја одигра во филмот „Сите знаат“ на иранскиот режисер Асгар
Фархади, каде се здружи со Хавиер.
За време на снимањето, Асгар е исклучително тежок и остар со актерите. Тој често бил
незадоволен дури од глумата на Пенелопе: „Постојано ме прекоруваше дека не сум убедлива, дека
изгледам лажно“, изјави таа.
Снимките на филмот траат четири месеци, како резултат на што Пенелопи се разболи. Таа добива
панични напади, висока температура и треска, нивото на шеќер во крвта станува многу високо.
Впрочем, актерката мора да влезе во болница некое време. Потоа веднаш се враќа на филмскиот
сет.
„На последниот ден на снимање се чувствував како да излегувам од затвор. Ако не беше Хавиер,
немаше да преживеам“, се сеќава таа.