Британскиот министер за Блискиот Исток утре во посета на Иран

од desk2
165 прегледи

Британскиот министер за Блиски Исток, Ендру Мурисон утре ќе отпатува за Иран. Неговата посета е во време на зголемени тензии помеѓу Техеран и Вашингтон поради иранското соборување на американски дрон.

– Во овој период на зголемени регионални тензии и клучен период за иднината на нуклеарниот договор, оваа посета е можност за дополнителни отворени, искрени и конструктивни разговори со Владата на Иран, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението од Форин офис, Мурисон ќе повика на итна деескалација на тензиите во регионот и ќе изрази загриженост поради „иранското однесување во регионот и заканата за непочитување на нуклеарниот договор, на кој Велика Британија во целост е предадена.