Најмалку 13 луѓе загинаа при уривање на зграда во Камбоџа

од desk4
102 прегледи

Најмалку 13 луѓе загинаа откако вчера се урна зграда во изградба во градот Сихануквил, во јужниот дел на Камбоџа.

Најмалку 23 лица се повредени, додека 36 работници се извлечени од под урнатините.

Се уште се истражува причината за уривање на зградата, која е во сопственост на кинески инвеститор.

Според локалните власти четворица кинески работници се приведени

Објектот што се урна бил изграден од 70 до 80 отсто.