Xiaomi претстави нова серија паметни телефони, која ќе го носи името CC и практично ќе биде
поврзана со купувањето на компанијата Meitu.

Според гласините првите уреди во неа ќе се викаат CC9 и CC9e, но со објавата на серијата, Xiaomi
така и не покажа хардвер, така што ќе треба да почекаме за официјалната премиера на телефоните.
Според извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун името се преведува „Colorful & Creative“, а развојот
на производите е доверено на тим со име „Chic & Cool 90“.
Новата серија ќе биде насочена кон младата публика која се потира на дизајнот и ќе се нареди до
другите брендови на компанијата – Redmi и Mi. Уредите ќе предложат напредни можности за
снимање на селфи и разубавување, што е поврзано со наследството на Meitu.
Според гласините, од Xiaomi CC9 очекуваме ротирачка камера со механизам како во ASUS Zenfone
6, која најверојатно ќе има три сензори – основен со резолуција 48МР и други два со ултра
широкоаголна и телефото оптика. Меѓу останатите параметри на уредот се очекуваат AMOLED
дисплеј со вграден скенер на отпечатоци и чипсет Snapdragon 730.
Xiaomi CC9e ќе наликува многу на Mi 9, а меѓу параметрите може да видиме чипсет Snapdragon 712
и батерија со капацитет од 4000 mAh и брзо полнење при 18W. Тука, за разлика од другиот модел,
камерите ќе се со стандардна поставеност.