Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека Москва ќе го чека Вашингтон да го продолжи дијалогот , објави прорускиот Спутник.

“Дозволете им да одлучат дали сакаат или не да  ги развиваат своите односи со Русија.” Ако сакаат дијалог, ние сме отворени за тоа, ако не ќе чекаме да созреат ” , изјавил Путин за руските медиуми.

Американскиот политички систем, според рускиот шеф на државата, не дозволил Трамп да направи некои од работите што би сакал да ги направи.

На 20 јуни за време на “Директната линија”  со граѓаните Путин изјави дека дијалогот меѓу Русија и САД нема да е лесен, како поради наметнатите од Вашингтон ограничувања, така и поради почетокот на предизборната кампања за претседателските избори во САД.

Дел од доминирачката класа на САД, според Путин, продолжува да шпекулира на тема руско-американски односи со лажни вести кои постојано се повторуваат.