Пет знаци што кажуваат дека сте го одбрале совршениот партнер

од desk2
125 прегледи

Секоја врска треба да се заснова на взаемно почитување, љубов и добра комуникација.

Ако ги препознаете овие пет знаци кај вас, тоа значи дека сте го одбрале совршениот партнер за вас.

Најдобро се чувствувате кога сте заедно

Во среќна и здрава врска, онаа „почетна еуфорија“ не е ограничена само на првите неколку месеци откако ќе почнете да се забавувате. Ако и понатаму низ врската чувствувате возбуда кога ќе ви пише или ќе се јави, радост од исчекувањето да се видите и задоволство кога сте заедно, сте го направиле вистинскиот избор.

Станувате подобра личност

Добрите партнери на здрав и позитивен начин се поттикнуваат меѓу себе да станат уште подобри, во секое поле. Заедно учите, растете и се надоградувате.

Вистинскиот партнер го поттикнува најдоброто во вас и ве поддржува да бидете најдобрата верзија на себе, без страв дека ќе го „засените“ на каков било начин.

Независни сте

Понекогаш кога сме во врска забраваме дека всушност сме две различни личности со партнерот и дозволуваме да преминеме во „ние“ во секој аспект од животот. Во здравата врска не се чувствувате обврзани дека секаде треба да се појавите заедно, да сакате исти работи, заедно да го поминувате времето за забава и рекреација.

Независноста како самостојни личности ја прави вашата врска поцврста и на тој начин без грижа на совест уживате во работи кои вашиот партнер можеби и не ги сака толку многу, и обратно.

Исто така, меѓусебната независност е знак на доверба и значи дека не мора да се одрекувате од работи што ги сакате на сметка на врската.

Си верувате еден на друг

Секој сака партнер со кој ќе може да биде искрен, а истото го очекува и од другата страна. Искреноста за тоа што ви се случило претходно во животот, што чувствувате и сакате сега, што ве плаши за во иднина, е важен дел од здравата врска. Важно е да можете да бидете искрени со партнерот и да имате доверба дека нема да бидете осудувани.

Нема маски

Кога сте заедно немате потреба од никаков вид на глума или носење „маски“ за да бидете подопадливи и поприфатливи за партнерот.

Ова се надоврзува на довербата со партнерот и сознанието дека вие се имате прифатено еден со друг онакви какви што сте и сакате заедно да уживате во животот.

Слични содржини