Веќе се достапни за преземање првите јавни бета верзии на iOS 13 и iPadOS 13

од Vlatko K
130 прегледи

Заедно со првата јавна бета верзија на MacOS Catalina денес, Apple ги објави првите бета верзии на
iOS 13 и iPadOS 13 кои може да ги инсталира било кој сопственик на компатибилни уреди без да
мора да биде регистриран како развивач. Објавувањето на новиот софтвер беше на почетокот на
јуни во рамките на WWDC, а финалното издание се очекува оваа есен заедно со новите хардверски
производи на компанијата.


Оваа година, Apple првпат ја подели iOS на два дела, обезбедувајќи специјална верзија на iPad
таблет со оптимизирање за подобро искористување на големиот екран. Доколку сакате да ги
тестирате промените, што си најдоа место во новиот софтвер, ќе треба да го направите тоа на ваш
сопствен ризик. Apple предупредува дека ова е прелиминарен код кој може да содржи грешки и
може да не работи како завршното издание.

Затоа е препорачливо да направите резервна копија на информациите во уредот, во кој ќе ја
инсталирате бета верзијата. Откако ќе завршите, доволно е да посетите преку прелистувачот на
уредот сајтот за бета софтвер на Apple и да го зачувате во програмата. Потоа ќе треба да преземете
посебен профил, кој ќе ја активира во поставките на телефонот или таблетот опцијата за
превземање на тест верзијата.

Заедно со тоа, во порталот се достапни бета верзиите на macOS Catalina и tvOS 13.