„Флексибилниот“ Surface на Microsoft ќе работи со Android апликации

од Vlatko K
122 прегледи

Според информациите од IHS Markit, Microsoft работи на уред со екран на преклоп во серијата
Surface, која ќе биде објавена во првата половина од следната година. Станува збор за компактен
модел кој ќе има два 9-инчни екрани со сооднос 4:3.


Другите детали кои доаѓаат од извори од синџирот на снабдување, наведуваат дека уредот ќе ја
користи најновата верзија на Windows 10 со име Windows Core OS (WCOS), кој ќе има интерфејс за
два дисплеи, ќе се потпре на нов 10nm чип од Lakeeld серијата и ќе може да работи на Android
апликации.

Ние, исто така, очекуваме да обезбеди пристап до услугата iCloud и да нуди можност за поврзување
со оператор. Информации за овој уред веќе се објавени, откако се откри дека се развива под
кодното име Centaurus.

Во исто време, WCOS треба да биде „лесната“ верзија на Windows 10 која ќе се користи во евтини
уреди со два екрани, развиени како конкуренти на Chromebook. Microsoft напредува на работата на
уредот и има направено внатрешни презентации на своите прототипови. Можно е премиерата да
биде во октомври.