Поправката на куќата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ги чини британските
даночни обврзници 2,4 милиони фунти, објави „Ројтерс“. Ова го покажуваат податоците од
годишната даночна пријава на кралското семејство.

Дел од парите дојдоа од т.н. Sovereign grant или државна субвенција и служат за целото
реновирање на кралскиот семеен дом во Виндзор.
Финансирањето доаѓа од компанијата, која управува со кралскиот имот – Crown Estate. Според
законот, таа внесува пари во државната каса, а секоја година 25% од тој приход оди кај Круната.
Субвенцијата за периодот 2018-2019 била 82 милиони фунти, при речиси 344 милиони фунти
внесени во државната каса. Голем дел од приходите се наменети за реновирање на Бакингемската
палата. Останатите средства одат за трошоците на кралското семејство – службени посети, патни
трошоци, состаноци и сл.
Тука се пресметува и значително раскошниот начин на живот на семејството. За изминатата
година, принцот Чарлс и војвотката од Корнвол – Камила потрошиле 1,3 милиони фунти за
авионски летови, бидејќи тие преземале повеќе должности од кралицата Елизабета Втора.
Поправка на Frogmore Cottage доаѓа откако принцот Хари и неговата сопруга се венчаа, а малку
порано оваа година го добија своето прво дете, Арчи. Ова ги принудило да се преселат од нивниот
поранешен дом во Лондон, каде што живееја со принцот Вилијам и неговата сопруга, Кејт Мидлтон.
Првично, имаше 5 резиденции, а по реконструкцијата – една.
Неповратната и малку непотребна помош за кралското семејство трпи многу критики. Греам Смит е
истакнат активист чија главна цел е да ја замени британската монархија со Република. Според
неофицијалните податоци претставени од неговите партнери, реалната сума која кралското