Кривична пријава против петмина скопјани, физички нападнеле возач на автобус

од desk2
179 прегледи

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Е.Ф.(26), А.Ѓ.(24), С.Ф.(52), А.Ѓ.(31), С.Ф.(35) и Г.К.(25), сите од село Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 31.03.2018 година во село Зелениково, во автобус кој сообраќал на релација Скопје – село Зелениково, физички го нападнале возачот на автобусот.