Со зголемената популарност на Netix, порасна нивната моќ за привлекување на холивудските
ѕвезди. По соработката со Hulu во првата сезона на серијата „Catch-22“, Џорџ Клуни ќе дејствува
како продуцент (заедно со Грант Хеслав) и актер во пост-апокалиптичен филм на Netix.

Продукцијата ќе биде адаптација на книгата на Лили Брукс-Далтон, Good Morning, Midnight. На
проектот ќе работат Smokehouse Pictures, Syndicate Entertainment и Anonymous Content.
Клуни ќе ја игра улогата на Августин – осамен научник на Антарктикот, кој се обидува да помогне
на група космонаути да се вратат на Земјата. Не е јасно дали остатокот од актерскиот тим веќе е
избран.
Ако сè оди според планот, Netix открива дека стартот на продукцијата ќе биде во октомври.
Сценариото за филмска адаптација го напиша Марк Л. Смит, за што тој беше пофален од Скот
Стабер и Џорџ Клуни, кој вели: „Грант и јас не можевме да бидеме повозбудени од нашето учество
во овој проект. Марк е сценарист, на кого му се восхитуваме подолго време, а неговото сценарио за
филмот е незаборавно. Ние сме возбудени и ќе работиме со нашите пријатели на Netix“.