Водечките производители продолжуваат да се натпреваруваат во потрагата по максимален
сооднос помеѓу екранот и телото на паметните телефони. Еден од популарните трендови е да ги
преместите потребните компоненти од предниот во задниот дел или во самиот екран. Токму оваа
идеја доведе до навлегувањето на уреди со сензори за отпечатоци, вградени во екранот, но исто
така и за паметни телефони со „Notch“ слотови и мали отвори за предната камера на врвот.

Следниот чекор е да се постават камерите во самиот екран. Oppo стана првата компанија која
официјално промовираше паметен телефон со овој дизајн. За да се постигне овој ефект, тие
користеле специјален транспарентен материјал кој работи заедно со модифицирана структура на
пиксели. На овој начин, компанијата гарантира дека доволно светлина поминува низ камерата.
Самиот сензор е поголем од другите селфи камери и со поголем отвор, објави TheVerge.
Сепак, Oppo го привлече вниманието со фактот дека вградувањето на камерата во самиот екран ќе
влијае на квалитетот на сензорот. Под одредени ситуации, боите нема да изгледаат добро или
објектите ќе бидат заматени. Решението на проблемот е развој на софтверски алгоритми за да се
оптимизира работата на селфи камерата. Компанијата потврди дека наскоро планира да претстави
уред, кој го има овој иновативен дизајн.