Google Drive станува достапен офлајн од прелистувачот Chrome

од Vlatko K
178 прегледи

Облачните услуги за складирање на податоци стануваат се попопуларни, но при слаба интернет конекција, корисниците доживуваат тешкотии пр пристап до датотеките.

Унапредувањето на GoogleDrive ветува дека ќе се решат слични проблеми.

Google во моментов тестира бета верзија на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да
добијат автономен, офлајн пристап до избраните датотеки.

Тие ќе можат да ги користат PDFдатотеките, документите на Microsoft Oce и другите датотеки складирани на дискот воофлајн режим, објави Engadget.

Тестовите се отворени за корисници на G Suite, кои користат прелистувач Chrome. За да го
направите ова, треба да вклучите офлајн режим во подесувањата на дискот или само на одделни
датотеки. Откако ќе се најавите на сопствената G Suite сметка, корисниците ќе можат да означат
кои датотеки да бидат достапни офлајн.

Новата функција засега не е достапна за корисниците на платформа Chrome OS, под чие
управување работат хромбуците, но во иднина Google ќе го надмине ова ограничување. Се уште е
нејасно дали функцијата може да се користи во други прелистувачи, освен Chrome.