Петгодишно девојче се удави во базен во угостителски објект во Скопје

од Vlatko K
108 прегледи

Во СВР Скопје синоќа околу 21:10 часот било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.

МВР соопшти дека изутрината во 8:30 часот детето починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.