Корејскиот производител веќе ја почна работата над нова серија на паметни телефони со Android
кои ќе бидат претставени како Galaxy R. Палетата ќе вклучува најмалку три модели, а два од нив ќе
им понудат на корисниците големи дисплеи и три задни камери. Податоците од популарниот
@OnLeaks, исто така, откриваат дека еден од паметните телефони ќе поддржи 5G технологија. Ова
ќе го претвори во првиот уред од средна класа со слична функционалност.

Овој модел е „СМ-А908Н“ и засега не знаеме под какво име ќе биде претставен на пазарот. Постои
можност да стане дел од Galaxy A серијата, а не од новата палета Galaxy R. Независно од тоа
решение на Samsung, добро е да знаеме дека компанијата сака да ги опреми со 5G модем своите
предлози од средната класа. Смартфоните Galaxy A се одликуваат со премиум дизајн и импресивни
камери а оваа комбинација најверојатно ќе најде место и во „SM-A908N“, пренесе PhoneArena.
Сè уште немаме податоци за техничките спецификации на претстојниот уред. Интегрирањето на три
задни камери се чини дека е логично решение. Не постои индикација дали сензорите ќе ја користат
технологијата ToF. Сепак, големото прашање е по која цена ќе се продава првиот модел во средна
класа, кој е компатибилен со 5G мрежите. Желбата на Samsung да користи 5G модеми во уредите
во овој сегмент ќе им овозможи на повеќе луѓе да ја искористат оваа иновативна технологија.