162
Мерцедес не преговара со Макс Верстапен, категоричен е шефот на тимот, Тото Волф, откако беше запрашан дали има интерес за привлекување на холандскиот млад пилот во шампионот на Формула 1.
Пилотот на Ред Бул, кој ќе тргне од првиот ред на денешната ГН на Австрија, има договор со овој тим до 2020-та.
– Не сум разговарал со Макс. Сакам да продолжам да работам на начинот на кој секогаш сум го правел. Прво да ги проценам нашите сегашни пилоти и да разговарам за нивните ставови за иднината, а дури потоа да остварам разговори со некој надвор од тимот, изјави Волф пред Гран при на Австрија.