Трамп за Иванка и Помпео: Еве ги Убавицата и Ѕверот!

од desk2
184 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп наидува на остри критики од јавноста за начините на кои ги потхранува политичките амбиции на ќерка му Иванка Трамп – поранешната бизнисменка и актуелна советничка на претседателот е сѐ поактивно инволвирана во креирањето на политиките во земјата.

Трамп уште еднаш покажа колку многу сака да им дава прекари на луѓето, а истовремено и да ја фали омилената ќерка, па ги поистовети Иванка и државниот секретар Мајк Помпео со ликовите од познатата бајка „Убавицата и Ѕверот“.

Во најавата за нив двајца при неговото обраќање пред персоналот на Воздухопловните сили во воздушната база Осан во Јужна Кореја, тој ги повика на сцената:

„Мајк, дојди ваму, Мајк. А знаете кој уште е тука? Сте слушнале за Иванка? Ајде и ти Иванка. Ајде. Таа ќе го украде целото внимание. Колку прекрасна двојка – Мајк – Убавицата и Ѕверот“, рече Трамп.

https://twitter.com/MaysamBehravesh/status/1145323490381389826

Иако се чинеше дека и Иванка и Мајк го сфатија тоа како шега и насмеани се качија на подиумот, корисниците на социјалните мрежи се „потпалија“ на ваквите коментари на Трамп.

Поголемиот дел од оние кои го искажаа своето мислење не се согласуваат со ваквото однесување и потсетија дека Трамп веќе не е шеф во The Apprentice, ниту пак газда на Изборот за Мис Америка, туку претседател на држава во посета на странска земја.

Други пак, слатко се насмеаја на чудната смисла за хумор на Трамп и ја направија ситуацијата уште покомична, алудирајќи дека Помпео е Убавицата: