Секс, пари, семејство: За што најчесто се караат двојките во првата година од бракот?

од desk2
190 прегледи

Додека се подготвувате за свадба, бирате венчаница и правите список на гости, брачните расправии не се тема на која помислувате со вашиот избраник.

Сите замислуваме идеален, прекрасен живот во кој откако сме го кажале „судбоносното ДА“ нема да има никакви препреки и несогласувања.

Реланоста е малку поинаква. Ок, многу поинаква. Заедничкиот живот носи промени и обврски, што со себе носат и расправии.

Семејните терапевти и професионалци од советувалишта за двојки ги издвојуваат овие теми на кои двојките најмногу се караат во првата година од бракот.

Сексуален живот

Можеби си замислувате дека сексуалниот живот значително ќе ви се подобри и ќе зачести сега кога живеете под ист покрив и поминувате повеќе време заедно, но реално, сексот многу често прв „страда“.

По свадбата, не е невообичаено сексуалната страст да спласне кај едниот или двајцата партнери, па се јавува незадоволство. Недостигот на секс може да се должи на натрупаните обврски, преокупираноста со други проблеми, но и фактот дека партнерот ви е „достапен“ во секое време и се гледате во секакво светло.

Време е за бебе?

Пред да се потпишете во матично, треба да имате разговарано со партнерот дали сакате да имате деца и ако да, кога? Можеби сте разговарале, но не сте прецизирале кога сакате да се случи тоа.

Темата за проширување на семејството може да предизвика тензија, особено ако двајцата партнери немаат исти очекувања за тоа кога планираат да се случи тоа. Ако едниот сака да се фокусира на кариерата или смета дека финансиската ситуација не е поволна, за другиот можеби тоа е губење време. Ова е сериозна тема на која мора искрено да разговарате пред да направите каков било чекор.

Семејство и пријатели

Без разлика дали проблемот е во пријателите кои постојано ви се на гости или неможоста на некој од вас да донесе голема одлука без консултација со родителите, расправиите за пријателите и членовите на семејството се „гарантирани“ во бракот, особено во првата година. Терапевтите затоа советуваат кога се соочувате со вакви проблеми, секогаш да го ставате партнерот на прво место, ако сакате да го зачувате бракот.

Домашни обврски

Кавгите за домашните обврски исто така се чести во првата година од бракот. Според истражувањето на Pew Research во 2016 година, 56% од испитаниците во брак сметаат дека поделбата на домашните обврски е важна за успешен брак. Освен ако не сте се договориле поинаку, овие обврски треба да бидат поделени подеднакво – перење, готвење, чистење, плаќање сметки… сега ова се ваши ЗАЕДНИЧКИ обврски.

Пари

Ова исто така е разговор што треба да го направите уште пред да помислите да живеете заедно или да стапите во брак. Дали секој ќе ја задржи финансиската самостојност, со вложување во заедничките работи и потреби? Дали и двајцата сте вработени? Дали висината на примањата драстично се разликува? Дали живеете во заеднички стан, под кирија, ваш, негов? Разговорот за финансиите е особено важен ако размислувате за проширување на семејството, годишни одмори, купување автомобил или нешто слично./Kajgana

Слични содржини