По четири години присуство на пазарот, на Q7 му требаше освежување, па Audi го освежи и визуелно и технички.
Audi објави фотографии и технички детали од освежената втора генерација на моделот Q7. Со овој фејслифт, Q7 влезе во втората половина на својот животен век, по целосно редизајнираната втора генерација во 2015.
Производството на овој SUV започна во 2005 година во фабриката во Братислава во Словачка. Ова беше првиот SUV модел на Audi и излезе на пазарот во 2006. Три години подоцна, Audi го претстави својот втор SUV, моделот Q5, а во 2011 година и Q3.
Кои се новитетите?
Освежената втора генерација нуди извонредна динамика и исклучителна удобност, со врвна пространост. Додадена е и блага хибридна технологија на погонот, дигитален концепт на управување и опционалнi HD Matrix LED предни светла, вклучувајќи и ласерско светло.
Дизајнот на предницата е променет, па големата предна решетка од хексагонален облик ја следи онаа на моделот Q8. Редизајниран е и изгледот на задниот дел. Наместо класичен систем на управување, во средишната конзола се користат интегрирани монитори.
Моторот е 4.0 литарски V8 турбо дизел кој освен два турбополначи користи и електричен компресор. Моќноста на овој мотор е 435 КС, а вртежниот момент е огромни 900 Nm. Во рок од 4,8 секунди забрзува до стотка, а максималната брзина е 250 km/h.
Тука е и 3.0 литарскиот V6 турбо дизел со 231 или 286 КС, кој останува и во фејслифтот на Q7, а тука е и бензинскиот 3.0 литарски V6 со 340 КС.
Новиот Q7 ќе се појави на пазарот во Европа во средината на септември.