СЈО бара конфискација за бесправно изградените куќи на Латас и фамилијата

од desk2
107 прегледи

Латас се соочува со можноста нему и на неговите браќа да им бидат конфискувани куќите, да платат казна или да одлежат казна затвор до една година.СЈО бара конфискација за бесправно изградените куќи на Латас и фамилијата.

СЈО бара судот да го осуди Драган Павловиќ – Латас, до неодамна медиумска перјаница на режимот на Груевски, во случајот „Тревник“. Тој бесправно изградил куќи во скопско Зелениково, а тоа е дел од истрагите што ги отвори и успешно ги заврши СЈО. Според обвинението, Латас, иако знаел дека тој и неговите браќа ги немаат потребните градежни дозволи, едноставно, градбата продолжила.

Судот најави дека пресуда ќе има во четврток. Се разбира, одбраната на Латас ги оспорува доказите на СЈО. Латас се соочува со можноста нему и на неговите браќа да им бидат конфискувани куќите, да платат казна или да одлежат казна затвор до една година.