Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен, објави дека се надева оти Европскиот парламент ќе ја поддржи нејзината  кандидатура за претседател на Европската комисија, пренесуваат Ројтерс и  АП.

 

Лајен  вети дека  “многу ќе го слуша ” и ќе соработува со Европскиот парламент.

Германскиот воен министер присуствуваше на првата седница на новиот Европски парламент во Стразбур.

  За да го преземе управувањето со Комисијата, таа мора да добие поддршка од мнозинството во законодавниот орган, што во моментот не е јасно дали тоа ќе се случи.

Лајен рече уште дека за неа е голема чест да биде номинирана и дека ќе развие визија за наредниот петгодишен мандат на Комисијата, која ќе се базира на интензивна соработка меѓу ЕП, ЕК и Европскиот совет.

Пптсетуваме  дека, по тешките тридневни разговори, евро-лидерите направија изненадувачки одлуки . Тие го номинираа германскиот министер за одбрана како шеф на ЕК. За претседател на Европскиот совет е номиниран белгискиот премиер Шарл Мишел, за шеф на Европската централна банка – Кристин Лагард, а за шеф на ЕУ за надворешна политика е номиниран шпанскиот министер за надворешни работи, Јозеп Борел.

 

Истовремено и  италијанскиот социјалист Дејвид-Марија Сасоли беше избран за нов претседател на Европскиот парламент, откако Сергеј Станишев се откажа.

Значи, географската рамнотежа е нарушена, бидејќи сите апликации се од Западна Европа и ниту една од Источна Европа.

Поранешниот лидер на Социјалдемократската партија на Германија Зигмар Габриел смета дека партијата може да ја напушти  владејачката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел поради номинацијата на министерот Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија .