Полскиот Парламент одобри закон за ослободување од данок на доход за млади под 26 години

од desk4
86 прегледи

Долниот дом на Парламентот во Полска одобри нацрт закон за ослободување од данок на доход за млади под 26-годишна возраст.

Документот го поднесоа владејачката партија Право и правда и е поддржан од 419 пратеници во Сејмот. Четворица гласаа против.

Согласно текстот, приходите на лица ако не се над 85.500 злоти бруто (20.000 евра) нема да бидат одданочени со данок што во Полска е 18 отсто.

Мерката треба да ја одобри и Сенатот и потпишана од претседателот и се очекува да влезе во сила од 1 август.

Слични содржини