Шест сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје, три лица лесно повредени

од Марта Пешевска
153 прегледи

Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 76 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување,  седум возачи за не носење заштитен шлем, 13 возачи за не  користење сигурносен појас и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 63 возила